Црвен дрес за Нерес

125

Европскиот клупски вицешампион, тимот на Ливерпул, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на холандскиот гигант Ајакс, Давид Нерес. Благодарение на одличните игри како во домашниот шампионат, така и во Лигата на шампиони, крилниот напаѓач го привлече вниманието на европските гиганти, а реванш полуфиналниот дуел во Лигата на шампиони, помеѓу Ајакс и Тотенхем во живо ќе го следат и скаутите на Ливерпул.