Концерт: Јапонско-хрватскиот пијанист Адачи во Охрид

128

Во црквата „Света Софија“ во Охрид, на 14 септември, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.

„Адачи иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар ‘Сеилер’, на Меѓународниот музички натпревар ‘Јоханес Брамс’, на Интернационалниот натпревар за пијано ‘Камило Тоги’, на Меѓународниот натпревар за пијано ‘Антон Рубинштајн’, на Рома меѓународниот натпревар за пијано“, стои во најавата за концертот кој е во организација на „Охридско лето“ од каде што велат дека и годинава продолжува практиката концерти на класична музика да се одржуваат не само во стандардниот фестивалски термин, туку и во текот на целата година.