В понеделник истекува рокот за парична помош за прваче

102

Понеделник е крајниот рок за поднесување барање за еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари.

– Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете – потенцираат од Општина Аеродром.

Барањето за еднократна парична треба да содржи потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2019/2020 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром, оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид, важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром на увид, трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.

.