По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Р С Македонија вечер, во Скопје, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна Димчевска.

“Одбележувањето на 30-годишнината од независноста насловено како „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ претставува пресек на само скромен дел од уметничките белези, артикулирани низ визуелните, изведбените и музичките интерпретации, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.