Контроверзниот пејач на севдалинки Божо Вреќо на концерт во Скопје

288

„Принцот на севдахот“ или како што „Њујорк тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо за прв пат ќе има концерт во Скопје, во Македонската опера и балет и тоа на 23 февруари идната година. Многумина уште од сега велат “и тоа чудо да го видиме“. И ќе видат и ќе слушаат со подотворена уста без разлика на тоа што Божо на сцената (ама и приватно) се облекува како трансвестит и што како таков има и брада, па многумина си земаат за право да го наречат “балканска Кончита“.

Како таков предизвикува огромно внимание кај публиката и кај медиумите, новинарите и фоторепортерите. Но, никој не може да му ја оспори музикалноста и фантастичното пеење. Божо Вреќо е лирски тенор кој привлекува бројна публика и на концерти низ Европа и светот. Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми. Организатор на концертот е “Авалон“, а влезниците ќе бидат по цена од 1.500 денари. Скапо или не, проценете сами. foto:FB i Instagram