Контроверзен филм: Трилер хоророт на Фон Трир во македонските киносали

72

“Куќата што ја изгради Џек”, најновото филмско остварување на Ларс фон Трир, кое ја подели публиката на последното издание на Канскиот филмски фестивал, конечно доаѓа во македонските киносали.

Оваа контроверзната криминалистичка драма/ хорор македонската публика ќе има можност да ја види од 21 февруари во дистрибуција на “КТ Филм и Медиа” од Битола. Трилер-хоророт со Мет Дилон, Ума Турман и Бруно Ганц, зачинет со црниот хумор на Вон Триер, го следи убиствениот поход на сериски убиец низ неколку децении.

Во него се прикажува интелигентниот Џек во временски период од 12 години и неговите убиства што го дефинираат неговиот развој како сериски убиец во 1970-тите во САД. Приказната се доживува од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој се повеќе ризикува за да го создаде “врвното уметничко дело”…