Комбинирана вакцина против грип и ковид-19 е можна наскоро

226

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид-19. Водечкиот британски вируолог Венди Баркли, која е раководител на Одделот за заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, денес им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е дека ќе може да комбинира вакцина против сезонски грип со анти-ковидна вакцина, објави Си-Ен-Ен.

“Верувам дека следната година навистина ќе ни каже повеќе за епидемиологијата и за тоа како може да се запрат нови видови на коронавирус, односно колку брзо тие можат да мутираат и да не натераат да ги модифицираме вакцините. Ние исто така знаеме колку траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно колку долго ќе биде потребно истите да се подобруваат“, рече Баркли.