Колинда Китаровиќ во украинска носија и маица со моќен натпис испрати јасни пораки/ФОТО

597
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Колинда Грабар-Китаровиќ воодушеви илјадници свои фанови со најновата фотографија која ја објави на Фејсбук. Поранешната хрватска претседателка уште еднаш и го честиташе Денот на независноста на Украина, а на фотографијата носи фустан на кој има елементи од украинската национална носија.

„Вчера во Киев. Ден на независноста на Украина“, напиша таа во описот на сликата.

Фотографијата им се допадна на повеќе од десет илјади луѓе.

„Нашата убавица“, „Најубавата претседателка досега“, „Убава по душа и тело“, обожавателите ја преплавија со комплименти во коментарите.