Коби Брајант и Џејсон Деруло ѕвезди на ждрепката

31

Легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант и музичарот Џејсон Деруло ќе бидат ѕвездите на шоуто кое го организира домаќинот на ждрепката за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржува годинава. Според најавеното, Кина ќе направи спектакл од извлекувањето на групите кое е закажано за 16 март во Шенжен.

Брајант кого ФИБА го именуваше за амбасадор на Првенството ќе го изведува извлекувањето додека Деруло кој има продадено на 50 милиони синглови ќе изведе дел од неговите најголеми хитови.

Ѕвезда – гостин на ждрепката ќе биде и Јао Минг. Првпат извлекувањето ќе биде отворено за јавноста.

Осумнаесет репрезентации учеснички се веќе познати, а последниот квалификациски прозорец кој ќе се одржи од утре до 26 февруари ќе ги одреди селекциите кои ќе ги пополнат 14-те празни места за кои се борат 26 национални селекции.