Книга: „Ќерката на математичарот“ – да се избегне судбината

160

Во „Ќерката на математичарот“, Венко Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр.

Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов.

На Андоновски, по електронска пошта, му се јавуваат неговите ликови од претходните романи, пред сè од Вештица, и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму, почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината…