„Средби и разговори“ е книга на Томислав Османли која на своите страници сведочи за неколкумина македонски истакнати уметници и културни дејци.

„Книгата содржи шест опсежни интервјуа реализирани пред повеќе од 30 години со наши истакнати дејци – театарскиот ветеран уште од времето на патувачките трупи и филмски првенец Петре Прличко, академскиот сликар педагог и академик Вангел Коџоман, големиот муралист и сликар Борко Лазески, нашиот најистакнат копаничар Славе Атанасоски-Крстанче, пионерот на македонскиот филмски документаризам и фотографија Благој Дрнков и доајенот на професионалната театарска сцена Тодорче Николовски.

Овие повеќечасовни разговори на Османли, кои поради ограниченоста на новинскиот простор биле делумно објавувани, сега за прв се објавуваат целосно“, посочува издавачот „Авант прес“.