Книга: „Пресметка“ – што се случи со малата Вака

104

„Пресметка“ на Ирса Сигурдардотир е книга за една пресметка. Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе. Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологот за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?