Книга: „Остани спокоен со Сенека“ – психолошко-филозофско патување

65

„Остани спокоен со Сенека“ на Јана Капри и Чаран Дијаз е психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека.

Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот. Се чувствувате изгубено, не сте на вистинскиот пат. Се чувствувате неуспешно. Сите понекогаш се чувствуваме така, но само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронајдете: 79 прашања за животот, 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека,  и психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.