Книга: “Оклопно срце” – по трага на сериски убиец

78

Во романот “Оклопно срце” на Ју Несбе дејството започнува кога две жени се пронајдени мртви во Осло.

Полицијата е збунета од убодните рани што ги имаат во устата, зашто се нанесени однатре… Одделението за крвни деликти ја праќа Каја Сулнес во Хонгконг, за да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци. Легендарниот полицаец склон кон алкохол се крие во милионскиот град од сеништата од поранешните истраги, сеќавањето на љубената жена и од собирачите на долгови. Но бројот на жртви расте и Хари Хуле неволно се вклучува во истрагата по мистериозното оружје на новиот сериски убиец, која ќе го однесе во срцето на темнината – Белгиско Конго.

А патиштата на сите жртви се вкрстуваат во еден планински дом во Норвешка, каде што многу лесно може да се остане заробен во снежните лавини…