Книга: „Неолитски фигурини“ – во Македонијa

131

Во монографијата на Гоце Наумов „Неолитските фигурини во Македонија“ се презентирани сите досега познати минијатурни претстави на човечкото тело пронајдени на повеќе локалитети датирани околу шестиот милениум п.н.е.

„Во неа се обработени клучните аспекти на неолитските антропоморфни фигурини, вклучувајќи ги нивната географска распространетост, типологија, временска припадност, техники на избработување, иконографски обележја, како и симболичките значења што ги содржат овие предмети. Мноштвото вакви артефакти варираат според својот изглед, димензиите, контекстот и технолошката изработка, поради што во оваа пригода им се пристапи од повеќе перспективи. Од тие причини, во монографијата се приложени различни анализи и согледувања за улогата на неолитските фигурини во првите земјоделски општества во Македонија, со што воедно се истакна нивното исклучително значење во социјалните и симболички процеси карактеристични за заедниците кои го населувале овој простор пред околу осум илјади години“, посочува издавачот „Магор“.