Агуеро и Алаба во пакет

188

Каталонскиот гигант Барселона сака за време на зимскиот преоден рок да ги договори трансферите на аргентинскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и на стандардниот првотимец во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Баерн (М), Давид Алаба. Двајцата на крајот од актуелната сезона ќе имаат статус на слободен играч и ќе можат да се преселат на „Ноу Камп“ без никакво обештетување.