Книга: „Игбал, мојата тајна“ – за деца и за возрасни

318

„Игбал, мојата тајна“ е книга за деца од Јагода Михајловска-Георгиева која е авторката на романот за деца „Момчето Молња“, но и на шест книги за возрасни, меѓу кои наградените романи „Каменот од Твојот ден – хималајска приказна“, „Индиго Бомбај“ и „Манастир Фуентерабија“.

„Кој е мистериозниот Игбал? Зошто животот на Бреза, откако ќе го сретне, станува двоен? Едниот вообичаен, како на врсниците на прагот од деца кон младинци. Другиот, што го минува насамо со Игбал, магично волшебен како возбудлива, чудесна авантура. Која е причината што Бреза него го чува во длабока тајност? Еден ден добива писмо од далечниот Кашмир. Загатката продолжува…“, ќе посочи издавачот „Три“ кон книгата за која авторката вели дека е наменета и за деца и за возрасни.