Поранешниот женски тениски рекет број еден Белгијката ким Клајстерс, пак ја прекина кариерата одредено време, бидејќи  има друг приоритет во моментов.

Клајстерс му се врати на „белиот спорт“, ама уште нема победа на официјалните мечеви. Таа се реактивира во февруари годинава. Причина за привременото „замрзнување“ на кариерата е нејзиното семејство. Клајстерс има три деца, па сака да им се посвети во наредниот период. Таа ќе тренира, ама нема да игра на претстојните турнири.