Ќе се поставува нова ограда на браната на Крушевското езеро

47

Општина Крушево објави тендер за набавка и монтажа на ограда на браната на Крушевско Езеро со што ќе се замени постоечката која е оштетена и нецелосна и ќе се осигура повисоко ниво на безбедност на ова место каде што гравитираат многу крушевчани и туристи.

-Ја менуваме оградата која ова прекрасно место го правеше небезбедно и неестетско. До тука изградивме асфалтен пат, што придонесе за многу туристи и наши сограѓани да доаѓаат тука за прошетка, спорт или пикник. Сега со поставување на нова ограда ќе го разубавиме местото и браната ќе биде безбедна за сите кои го користат овој простор. Реализираме уште едно барање на граѓаните- изјави градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.

Оваа активност Општина Крушево ја спроведува со поддршка на НЛБ банка.