Кинезите го затворија кампот под Монт Еверест за туристи

99

Кина го затвори кампот на својата страна на Монт Еверест за посетители, кои немаат дозвола за качување. Властите одлучиле да го затворат кампот поради сè поголемиот проблем со отпад на планината.

Со забраната што ја воведоа властите посетителите може да одат до манастирот Рангпо, кој се наоѓа под кампот, на 5.200 метри надморска височина. Забраната се однесува на ,,обичните туристи”, додека алпинистите кои ги извадиле потребните дозволи, имаат право да се качуваат на ,,покривот на светот”.

Поголемиот број луѓе ја посетуваат планината од непалската страна, но во последните години расте и бројот на посетители од кинеската страна на планината.

Кинескиот базен камп кој се наоѓа на територијата на Тибет е популарен бидејќи може да му се пријде со автомобил. До непалскиот камп може да се стигне само со пешачење кое трае околу две недели.