Киелини е се поблиску

49

Американскиот фудбалски клуб, Лос Анџелес, ќе биде следната дестинација на легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Џорџо Киелини. Сега веќе поранешниот репрезентативец на Италија за неколку дена и официјално ќе има статус на слободен фудбалер, а како што пишуваат американските медиуми Киелини треба да има состанок со челниците на Лос Анџелес кои веќе му понудија 2-годишен договор вреден 10 мил. долари.