Струмичанката Драгана Костова испадна од „Ѕвездите на Гранд“, ќе ја спасува таинствениот „златен глас“…Немаше среќа

348

За жал, натпреварувањето во балканското ТВ- шоу „Ѕвездите на Гранд“ за талентираната струмичанка Драгана Костова заврши. Таа испадна од осминафиналето на „Ѕвездите на Гранд“ иако ги испеа познатите песни „Има један свијет“ и „У инат прошлости“. Но, жирито не ѝ даде зелено светло, без разлика на петте освоени гласа. Можеби, сега ќе ја спасува таканаречениот „златен глас“, кој евентуално би ѝ овозможил да продолжи со учеството. Струмичанката, по отпеаните песни, се пожали на голем премор, кој бил единствената причина за невпечатливото пеење.

– Навистина бев преморена, одвај стоев на нозе, тремата ме докрајчи – се пожали Костова.
Таа е, инаку, одлична пејачка, има добар глас, знае убаво да пее, знае да остави силен сценски впечаток. Но овој пат, ништо од тоа. Повеќе среќа другпат доколку, нели, тој „златен глас“ не ја смени ситуацијата, па пак да ја видиме нашата горда Македонка. А, зошто да не?(Д.М.)