Кеси е во фокусот

53

Стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Френк Кеси, е најновата желба на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Скаутите на популарните “светци” го следеа во живо првенствениот дуел против Калјари, кој заврши со убедлив триумф на Милан од 3:0, а Кеси беше еден од најдобрите играчи во домашниот тим.

Неофицијално, челниците на ПСЖ се подготвени да одвојат околу 40 мил. евра за услугите на Кеси, но таквата понуда тешко дека ќе биде прифатена од „росонерите“.