Ултиматум за Сари

65

Англиските медиуми ја пласираа информацијата дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи упатиле ултиматум до шефот на стручниот штаб, Маурицио Сари.

Италијанскиот стручњак стои на тенок мраз најмногу поради срамниот пораз од 6:0 кој “сините” го доживеаа во дерби пресметката против екипата на Манчестер Сити.

Поранешниот предводник на италијанскиот калчолигаш Наполи бил информиран дека неговиот тим мора по секоја цена да ја добие 1/8 финалната пресметка во ФА Купот против екипата на Манчестер Јунајтед.