Кекс-ролат со кафе, совршен десерт за најпребирливите „кафехоличари“

190

Уште еден од рецептите за непечен колач, кои брзо и лесно се подготвуваат, а уште побрзо се јадат. Комбинацијата со кафе го прави овој колач уште поароматичен и вкусен, особено за оние кои се љубители на кафето.

Состојки:

  • 250 грама мелен кекс
  • 175 гр шеќер во прав
  • 1 рендана црна чоколада од 200 грама
  • јако варено црно кафе

За фил: (се матат)

  • 60 гр путер
  • 75 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Во мелениот кекс и шеќер во прав додадете ја нарендата чоколада. Измешајте ја смесата додавајќи го вареното кафе по потреба. Поделете го на три дела и од секој дел развлечете кора со дебелина од 5 милиметри. Смесата би требало да се развлекува во алуминиумска фолија.

Секој од трите дела премачкајте го со тенок слој од филот, ставете слоеви еден на друг и завиткајте го во ролат. Оставете го да се стегне.

Можете секој ролат да го направите посебно, па двата да ги ставите еден до друг, а третиот над нив. Вака наредени кога го сечете ролатот, личи на детелинка со три листа.