Гелoт за дезинфекција против корона совршено го чисти мијалникот

47

Средствата за дезинфекција против корона вирусот во моментов се наши најверни сојузници. Но овие гелови, покрај тоа што ги дезинфицираат рацете се корисни и во кујната затоа што одлично ги чистат мијалникот и славините во кујната и бањата.

„Сан“ пишува дека Ема Ремзи од Велика Британија на својот Фејсбук профил објавила дека сосема случајно забележала дека гелот, покрај нејзините раце, го чистел и мијалникот.

“Забележав дека чешмата е чиста, затоа решив темелно да го измијам целиот мијалник со гел и не ми се верува колку добро ја отстранува нечистотијата. Подобро од сите средства за чистење што ги користев”, напиша таа во објава на Фејсбук.

Откако објави фотографии кои ја покажуваат разликата пред и по чистењето со гел за дезинфекција, многу корисници на Фејсбук беа импресионирани од резултатите и изјавија дека сакаат да го пробаат сами.

Цената на гелот за дезинфекција не е висока, затоа ова е уште една причина зошто многумина би го сакале овој метод. Покрај тоа, нема многу или скоро никогаш да ја исуши кожата на рацете како некои агресивни агенси.