Кошаркарите на Канада и на Турција обезбедија пласман во полуфиналето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри, што се одржува во канадскиот град Викторија.

Канада ја совлада Кина во групата А со 109:79 (27:19, 32:27, 20:19, 30:14), а најдобар учинок имаше Ендру Вигинс со 20 поени.

Турција, пак, дојде до втората победа во групата Б против Чешка со 87:70 (17:14, 28:24, 18:16, 24:16). Фуркан Коркмаз ја предводеше својата селекција со 20 поени, додека Мелих Махмутоглу додаде 13 поени. Во репрезентацијата на Чешка, Томаш Саторански беше најефикасен со 15 поени и шест асистенции.

Канада во полуфиналето на турнирот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Уругвај, додека Турција го чека победникот од мечот меѓу Грција и Кина.

Само победникот на турнирот ќе се квалификува на Олимписките игри во Токио.