Касиедо сака во ЛШ

48

Стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Брајтон, Моисес Касиедо, сигурно ќе ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Одличниот играч за врска не крие дека сака да игра за клуб кој редовно се натпреварува и во Лигата на шампиони, а од неговата продажба челниците на Брајтон очекуваат заработка не помала од 40 мил. фунти. Најголем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Ливерпул.

EPA-EFE/ALBERTO VALDES