Кански филмски фестивал: Златната палма за “Без филтер“ или „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд

41

Со Винсент Линдон претседател на жирито, ги немавме лапсузите на минатогодишниот претседател Спајк Ли. Американскиот режисер на почетокот на преносот во живо го откри името на добитникот на Златната палма за 2021 година, откако погрешно разбрал прашање од донаќинката на церемониите!

Годинава моравме да ги почекаме последните моменти од трезвената гала за да откриеме дека Швеѓанецот Рубен Остлунд ја освои својата втора Златна палма пет години по „Скверот“ овој пат за  Triangle of sadness во слободен превод „Без филтер или „Триаголник на тагата“, сатира за супербогатите и раскошот во позадина на екстравагантно крстарење.

„Кога го започнавме овој филм, имавме само една цел: да се обидеме да направиме филм што ќе ја интересира јавноста и што ќе ја предзвика размисување“, изјави еуфорично среќниот избраник, примајќи ја својата нагарада, завршувајќи го својот говор со исконски крик, јави дописникот на МИА.

Така заврши 75-от Кански филмски фестивал кој го круниса го корозивниот и политички излив на смеа нудејќи му втора Златна палма на Рубен Остлунд, за „Триаголникот на тагата“ (Без филтер, на француски), неговата кисела сатира на супербогатите и класните односи во Западните општества.

Овој пат тој преку карикатура и ексцес ги осудува ексцесите на општеството на изгледот и капитализмот. Тој се приклучи на клубот на „двојните мрежи“, покрај браќата Дарден, Кен Лоуч, Емир Кустурица Францис Форд Кополам Били Аугуст и Михаел Ханеке.

Ова вкрстување на Титаник и Ла Гранде Буф го наследува Титан, од Французинката Јулија Дукурнау, Златна палма од претходното издание.

„Имавме само една цел: да направиме филм што ќе ја интересира јавноста и ќе ја натера да размислува со провоцирање“, изјави Рубен Остлунд при добивањето на наградата. „Како во разговор меѓу пријатели, можеме да се смееме со обраќање на важни теми, сметам дека можеме да направиме забавно кино со разговор за сериозни теми“, увери тој на прес-конференцијата, по доделувањето на палмите.

Гледачите на Кан нема наскоро да ја заборават сцената на општа морска болест, со поплави од повраќање и измет, за време на вечерата на брод што тоне или битката на цитати меѓу капетанот, комунистот и рускиот олигарх.

„Целото жири беше крајно шокирано од овој филм“, призна претседателот на жирито, Винсент Линдон.

Покрај Златната палма, жирито, вклучувајќи ги Ребека Хол (Вики Кристина Барселона), Индијката Дипика Падуконе и режисерите Асгар Фархади и Лаџ Ли, го доделија своето второ најпрестижно одликување (Гран при) заеднички на Французинката Клер Дени (76 години), но особено со младиот талент Лукас Донт, 31 година.

Филм кој најмногу беше ламиниран од печатот, сензуалната шпионска романса сместена во конфликтот во Никарагва, Ѕвезди на пладне на Клер Денис и миленикот на ова 75-то издание, Затворање на Лука Донт, портрет на дислокацијата на пријателство од детството.

Трогнат, 30-годишниот Белгиец, награден со Златната палма, ја посвети својата победа „на пријателите кои ги изгубил од вид“.

„Премногу често се држиме настрана од оние што сакавме да ги заштитиме. Сакав да направам филм за нежноста. Свесен сум дека повеќе сме навикнати да снимаме мажи како се караат наместо да се поддржуваат еден со друг, но кревкоста може да биде суперсила“, објасни Донт.