Изречени 184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 38 под дејство на алкохол

33

Полицијата на територија на град Скопје вчера изрекла вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 38 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за недевање првенство на минување на пешаци, пет за возач почетник…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.