Кам-бек на Лукаку

79

Поголемиот дел од англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Челзи повторно ќе се обиде да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Ромелу Лукаку. Искусниот напаѓач веќе го има носено дресот на лондонските „сини“, а според британските медиуми, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да одвои околу 120 мил. евра за неговото обештетување.