Како сега изгледа Змискиот остров: Киднапирани војници, уништена инфраструктура/ФОТО

408

Компанијата „Максар“ ја направи првата јасна сателитска снимка од Змискиот остров, кој што се најде во центарот на светското внимание откако на 24 февруари украинските војници со псовка му вратиле на руски воен брод, кој што побарал од војниците да се предадат.

Иако првично се мислеше дека војниците се убиени, се покажа дека биле киднапирани од руски војници. Сателитските снимки на островот сега покажуваат оштетувања на бројни згради, како и на руски брод закотвен во Црното Море.

Според украинската морнарица, воена единица на островот успеала да одбие два напади на руските сили, но на крајот била принудена да се предаде поради недостиг на муниција.

Властите во Украина тврдат дека Русите ја уништиле инфраструктурата на островот, вклучувајќи светилници, кули и антени, пишува СиЕнЕн.

Најновата сателитска снимка покажува дека некои од зградите со црвени покриви во центарот на островот претрпеле значителна штета по ракетирањето.

Иако делови од островот се покриени со снег, на островот може да се видат ударни кратери по падот на ракетата.

Максар наведува дека на снимката го идентификувал бродот и дека се работи за летало од класата Ропуча.