Барак Обама позитивен на ковид-19

37

Поранешниот американски претседател, Барак Обама, е позитивен на тест за ковид-19.

Информацијата во текот на вчерашниот ден ја потврди самиот Обама на Твитер, додавајќи, дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото.

„Јас и Мишел сме благодарни што се вакцинираме и што го зајакнавме нашиот имунитет, нејзиниот тест беше негативен“, напиша Обама.