Еден од најдобрите Формула 1 возачи, Луис Хамилтон, во 2015 година имаше потег што ретко кој би се осмелил да го направи.

Британецот победи на трката за Големата награда на Русија во Сочи, а наградата за триумфот му ја додели рускиот претседател Владимир Путин.

Неговата средба со Путин засекогаш ќе остане запаметена како една од најчудните што се случиле на прослава при доделување трофеји во Формула 1.

Хамилтон го испрска рускиот претседател со шампањ, кој сакаше што поскоро да го истрча од сцената.

  • Само знам дека не сакав да го испрскам. Гледав филмови и знам на што се способни Русите, се пошегува Хамилтон.

Три години подоцна Путин се најде лице в лице со Хамилтон. Британецот вети дека ќе биде повнимателен.

  • Годинава нема да има прскање. Минатиот пат не бев јас, тоа беше некој друг, се оправда Хамилтон, а потоа го исполни ветувањето на сцената.