Каква зима не очекува? – Објавена првата долгорочна прогноза за зимските месеци

12965

Метереолошкиот сервис Severe Weather Europe ја објави првата долгорочна прогноза за зимата. Прогнозата се фокусира на моделот ECMWF од Европа.

„Овие прогнози даваат точна слика во текот на трите метереолошки зимски месеци (декември-јануари-февруари) и ги покажуваат временските прилики што преовладуваат. Дури и да се моделите 100% точни, сепак, тоа не значи дека вакви временски услови ќе траат три месеци по ред. Само сугерира како би можеле да изгледаат временските услови во поголем дел од времето“ – напоменуваат од SWE.

ECMWF моделот се смета за еден од најсигурните за прогноза. Но, ниедна долгорочна временска прогноза не може да се нарече „сигурна“ бидејќи се следат само трендовите и како би можеле да се вразвиваат временските облици во текот на подолг период.

Според овој модел, во Европа се очекуваат просечни температури на воздухот на запад и низок притисок. Топли аномалии се предвидуваат над делови од средна Европа во движење кон североисток.

Доаѓа студен бран во Европа: ПРВИОТ ГОЛЕМ ТЕСТ БЕЗ РУСКИ ГАС веќе следната недела

Што се однесува до прогнозата за врнежи, Европа во ова тромесечие би требало да ги има во просечна количина, со ниски сушни подрачја на североисток. Поголем обем на врнежи се предвидуваат над Средоземјето.

Во однос на снежните врнежи за оваа зима, над Европа ќе има подпросечна количина на снег.

SWE објави и сумирана прогноза за Европа за зимските месеци според која се очекуваат повисоки температури од просекот за овој период во поголем дел од северниот и североисточниот дел на континентот и делумно во централниот дел. Од друга страна, просечни температури се очекуваат над западните предели.

Тоа сугерира дека би можело да има периоди со ладни бранови и поладни денови во западниот дел од Европа.

Во централна и во Западна Европа прогнозите предвидуваа просечна количина на врнежи, а повеќе дожд ќе врне во јужните делови на континентот.