Чешката влада ги извести хокеарските клубови од НХЛ дека нивните руски играчи не можат да играат во Прага, каде што во октомври се играат два натпревара од регуларниот дел од сезоната. Ова е ставот на Министерството за надворешни работи на Чешка во однос на руската воена интервенција во Украина.

Нешвил Предаторс и Сан Хозе Шаркс на 7 и 8 октомври во „О2 арената“ во Прага ќе ги одиграат натпреварите од регуларниот дел од сезоната во НХЛ шампионатот. Екипите се уште го немаат објавено списокот на играчи, а познато е дека во составот имаат Руси, односно, Јаков Тренин игра за Нешвил, а Евгениј Свечников за Сан Хозе.