Локалните власти на Тиват одлучија да забранат движење на туристи во костими за капење во пешачките зони, градските паркови, плоштадите и во внатрешното градско јадро.
Забраната не се однесува само на местата за капење, а предвидени се казни од 20 до 1.000 евра за оние кои нема да ги почитуваат овие мерки.
Локалните власти ги прифатија и измените на Одлуката за регулирање на сообраќајот на подрачјето на општина Тиват, со кои се проширија пешачките зони во градот на кои се воведе забрана за движење на електрични скутери и други слични возила.
Велосипедистите се обврзани да се движат исклучиво по велосипедски патеки.
За возење електрични скутери и слични возила во забранети пешачки зони,предвидени се казни од 20 до 500 евра, објави подгоричкиот весник „Вијести“.