Каде е Меланија додека Трамп се соочува со правна драма?

929

Доналд Трамп вчера се изјасни за невин по 37 федерални обвиненија, вклучително и некои според Законот за шпионажа со потенцијални затворски казни до 20 години затвор.

Додека нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се соочуваше со федерални обвиненија пред судот на Флорида, поранешната прва дама на САД Меланија Трамп не беше покрај него.

Како што објави Њујорк Тајмс, Меланија Трамп во тоа време била во Њујорк. Американскиот весник додава дека не се знае зошто била на другата страна на САД, односно не со сопругот.

Федералната голема порота во Мајами го обвини Трамп за 37 кривични дела, вклучително и 31 точка за „намерно задржување“ доверливи документи за национална одбрана што го прекршува Законот за шпионажа.

Покрај Трамп обвинет е и неговиот помошник Волт Наута, кој е обвинет за наводно преместување и криење на кутии со доверливи информации, и пред и по претресот на Мар-а-Лаго, како и за давање лажни или погрешни изјави за ФБИ. Тој исто така се изјасни за невин.