Атлетичарот од Бахамите, Стивен Гардинер, освои златен медал на Олимпијадата во Токио во трката на 400 метри.

Тој на Бахамите им го донесе првиот златен медал во оваа дисциплина, откако трката ја истрча за 43:85 секунди.

Среброто му припадна на светскиот вицешампион Колумбиецот Ентони Замбран (44:08), додека бронзата ја освои олимпискиот шампион од 2012 година и вицешампионот од 2016 година, Кирани Џејмс од Гренада (44:19).