Италија: Пратеник побара збор и ја запроси колешката (видео)

109

Неочекувана случка во парламентот во Италија ги израдува пратениците. Имено станува збор за еден романтичен потег од страна на Флавио Ди Муро, пратеник на партијата Лига Север, кој откако побара збор на говорницата направи сосема неочекуван потег.
Откако Муро доби збор извади свршенички прстен и ја запроси својата колешка.

Овој ден за мене не е ден како и сите други, не е обичен ден туку посебен. Претседателе на Собранието јас говорам во моментот. „Елиза, дали сакаш да се омажиш за мене?“, запраша пратеникот Ди Муро.

Ваквиот потег на италијанскиот пратеник со аплауз и честитки го дочекаа неговите колеги од партијата, но за жал претседателот на Собранието имаше помалку разбирање и му замери на таквото однесување.