Италија не сака да прими брод со 200 мигранти, на потег е Франција

29

Брод за спасување мигранти со над 200 лица на него се упати денеска кон Франција откако новата италијанска десничарска влада одби ова пловило да се вкотви на едно од нејзините пристаништа.

„По молкот на Италија, бараме од француските поморски власти да изберат пристанише за 234 преживеани на бродот „Оушн вајкинг“, соопшти денес француската добротвборна организација СОСО Медитеран, пренесува Ројтерс.

Многу мигранти се на море веќе 18 денови, но официјална Франција уште не се огласи во врска со споменатото барање за преземање на мигрантите.

Претседателот на СОС Медитеран Алесандро Поро наведе дека ситуацијата ја достигнала црвената линија и дека очекува „Оушн Вајкинг“, кој последниве денови ги помина на италијанскиот остров Сицилија, во четврток ќе пристигне до меѓународните води кај францускиот остров Корзика.

Агенцијата нампоменува дека новата администрација на премиерката Џорџа Мелони набрзо по конституирањето почнала со сузбивање на бродовите со мигранти, порачувајќи им на хуманитарните организаии дека нивните бродови кои зачестено пловат по Средоземното море, да ги однесат спасените луѓе во други земји.

Поради кампањата на Рим против невладините групи, шпанската хуманитарна организација „Salvamento maritimo humanitarianio“ најави дека ќе ја одложи планираната спасувачка операција на море поради ризик нејзиниот брод да биде запленет од италијанските власти.

Италијанскиот министер за транспорт, Матео Салвини, шеф на партијата Лига, која јавно е против мигрантите, го поздрави развојот, твитувајќи: „Само напред, Италија нема да биде соучесник во трговијата со луѓе. Дали некој почнува да го сфаќа тоа?“, објави Ројтерс.