Исповед на Владо Јаневски: Преку неа сфатив дека ме потценувале, а јас сум ги преценувал

6999
Принтскрин/Јутјуб

Македонскиот пејач Владо Јаневски гостуваше во емисијата „Еден на еден“, на која домаќин е водителот Жарко Димитриевски.

Пејачот проговори за своите песни, но и за љубовта – кажа своја животна анегдота која не може да ја заборави и после сето ова време.

„Имав девојка, за која на млади години мислев дека можам да влијаам да ни биде убаво. Јас имам 30 и кусур, таа има 20 кусур, и мислам дека сме добри, дека можеме да растеме добро, открив еден добар писател, Ерих Фром. Ѝ ја дадов книгата „Уметноста на љубовта“, да ја дискутираме, зашто многу е добра. Насловот звучи перфектно. Ми ја враќа книгата после три дена, застанала на деветта страница, умрела од досада. Зошто? Затоа што јас сум ја преценил. Мене цел живот ме потценуваат, јас цел живот ги преценувам. Таа мислела дека Ерих Фром со насловот на книгата дал формули: Како да го ќарам фраерот? И кога видела дека нема никаков прирачник ми ја враќа“, раскажа Владо.