Исак опција во нападот

59

Италијанскиот калчо гигант Милан е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на шведскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Реал од Сосиедад, Александер Исак.

Младиот напаѓач е во сопственост на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, а актуелната сезона ја одработува како позајмен фудбалер во редовите на Реал од Сосиедад. Исак веќе има изјавено дека ќе се врати на „Сигнал Идуна Парк“ само доколку клупските челници му ветат статус на стандарден првотимец, во спротивно ќе инсистира на продажба за време на летниот преоден рок.