Премиерлигашки дуел за Матуиди

79

Големите ривали од англиската Премиер лига, Арсенал и Манчестер Јунајтед, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на францускиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Блез Матуиди.

Поранешниот фудбалер на ПСЖ има договор со „старата дама“ до 2021 година, но во игра е и опцијата за продолжување на соработката до 2023 година. Неофицијално, англиските премиерлигаши се подготвени да одвојат околу 25 мил. фунти за неговите услуги.