Инфлацијата во јули е намалена на 8,4 отсто

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се пофали

86

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека се работи на тоа инфлацијата да се сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Според Битиќи, и во таква ситуација ќе порасне куповната моќ на потрошувачите. Тој очекува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9%

 

 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи соопшти дека инфлацијата во јули е намалена на 8,4 отсто, измерена со растот на трошоците за живот.

Вицепремиерот вели дека се работи на тоа инфлацијата да се сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Според Битиќи, и во таква ситуација ќе порасне куповната моќ на потрошувачите.

– Овие бројки се во согласност и со владините проекции, со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9%.

Од друга страна, оваа Влада посветува големо внимание и на креирањето позитивна бизнис-клима, каде што компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати, чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците за живот.

Очекувам растот на просечната плата и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки и, секако, да биде значително над растот на трошоците за живот, што во превод би значело и реален раст на куповната моќ на нашите сограѓани – смета Битиќи во својата објава.

Деновиве  и министерот за економија Крешник Бектеши најави дека статистиката анализира и дека се очекува реален пад на инфлацијата. На ова веднаш реагираа граѓаните, кои о посочија дека според животните трошоци и постојаниот раст на цените, не можат да почувствуваат дека инфлацијата се намалува. Пресметките на Владата и пресметките на граѓаните се во расчекор.