РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЕКСПЕРИМЕНТ – ЧЕКОР ПОНАТАМУ: Научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија

514
Фото: screenshot youtube

Научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија

Научниците во САД забележаа нето-енергетска добивка од реакција на фузија по втор пат од декември, во обид да најдат чист извор на енергија, објави Националната лабораторија Лоренс Ливермор.

Истражувачите од Федералната национална лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија успешно го повторија експериментот на 30 јули, кога беше произведено поголема количина енергија отколку кога истиот експеримент беше изведен во декември лани. Од лабораторијата потврдија дека енергетската добивка повторно е постигната во ласерската постројка и дека анализата на резултатите е во тек.

Додаваат дека се уште се анализираат конечните резултати.

Во истата лабораторија, во декември 2022 година, со помош на ласер е извршена нуклеарна фузија, односно спојување на два атома во еден, при што се ослободува голема количина на енергија.

Реакцијата на нуклеарна фузија вклучува спојување на две атомски јадра за да се произведе едно, значително потешко, со што се ослободуваат огромни количества енергија.

Научниците знаат речиси половина век за силите на фузија на Сонцето и со децении се обидуваат да развијат фузија на Земјата со цел да дојдат до неограничен, чист и безбеден извор на енергија за борба против климатските промени.