Во финансискиот сектор, вештачката интелигенција ќе може многу посилно да  влијае на полето на спречување на перење пари и финансиски измами. Најголемиот удар ќе биде за нискоквалификуваната работна сила, бидејќи овие работни места ќе ги заменат роботи. Во просек еден робот заменува 250 работници. Вештачката интелигенција замеша раце и во купувањата онлајн. Чатботовите се тие кои нудат 24/7 поддршка за клиентите. И во вакви услови здравствените работници ќе бидат на цена, како и побарувачката за медицински персонал, негувателки, помошници во домовите за стари лица. Но,вештачката интелигенција зема огромен замав во делот на поставување прецизни дијагнози за пациентите.

 

 

Брзиот развој на технологијата, научниот процес и дигитализацијата ја произведе вештачката интелигенција која се повеќе се инфилтрира во сите ресори на индустријата, здравството, но и во процесот на образованието. Благодарение на овој забрзан развој, во обид да се развива научниот процес, но и да се намалат човечките грешки и субјективни размислувања, многу области почнуваат да се потпрат на машинското учење или популарно наречено вештачка интелигенција.

Со развојот на интернетот во последните децении во светот се појавија цела низа нови професии. Дел од тоа е појавата на специјалисти за социјалните мрежи, специјалисти за оптимизација на веб-страници, специјалисти  за пребарувачи, дизајнери на мобилни апликации и слично. Овие професии не постоеле пред дваесет години, а денес тие најчесто ги работат помладите и се  едни од најдобро платените.

Новата интелигенција бенефити ќе ѝ донесе и на преработувачката индустрија. Па така со вештачката интелигенција драстично ќе се намали потребата за неквалификувана работна сила, бидејќи еден робот заменува во просек 250 работници. Досега, роботите се користеа за автоматизирање на едноставни и опасни задачи за луѓето, кои што системски работеа под надзор на луѓето за да функционираат како што треба.

Иако, за финансискиот сектор неопходна е човечката интелигенција, сепак вештачката интелигенција се почесто ги мати работите и во овој сектор. Можеби во стартот финансиските советници нема да бидат заменети, но финансиските аналитичари треба да ја чуваат сигурноста на своите работни места. Со неа ќе може многу посилно да се делува на полето на спречување на перење пари и финансиски измами. Може да се искористи и во забрзана обработка на податоци.

Вештачката интелигенција замеша раце и во купувањата онлајн. Чат-ботовите се тие кои нудат 24/7 поддршка за клиентите. Наскоро може да очекуваме чат- ботовите да управуваат со личните детали на клиентите, да даваат персонализирани препораки, па дури и да разговараат како вистинско човечко суштество.

Вештачката интелигенција  зема огромен замав во здравството, особено во делот на поставување поточни дијагнози за пациентите. Тоа го овозможува големата база на информации. Се користи и роботика за спроведување комплексни операции, бидејќи на тој начин тие не само што се безбедни се и поуспешни. Она што е иднината на вештачката интелигенција што ќе може да се детектираат болести и скенирање на телото за можни, потенцијални заболувања.

Но, и покрај тоа, засега здравствените работници и понатаму ќе бидат на цена,особено побарувачката за средно медицинскиот персонал, негувателки, помошници во домот за стари лица,болничари и слично.

Неодамна, ChatGPT, релативно нова алатка базирана на вештачка интелигенција,го привлече вниманието на јавноста. Тоа е јазична алатка која може да креира текстови кои изгледаат како да се напишани од човек. Токму овој момент беше причина, пред речиси една година, Холивуд да се дигне на нозе и скоро два месеци да штрајкуваат сценаристи, режисери, глумци и статисти. На ист пат наскоро ќе бидат и презентерите, токму на тоа поле веќе газдата на една популарна телевизија во Србија, Жељко Митровиќ, најави нов медиумски проект со име Главна ТВ, каде што според него телевизија нема да има вработени, туку програмата ќе ја водат „дигитално-аватарски новинари“.

Оваа алатка верувале или не се повеќе се користи во образовниот систем. Младите генерации со нејзина помош ги подготвуваат своите домашни задачи, наместо лично да се ангажираат за тоа. ChatGPT освен текстови може да пишува функционални компјутерски кодови,но засега барем во оваа фаза на развој, тоа е само алатка која може да ја направи работата на човекот да му биде полесна, но не и целосно да ја замени.

Вештачката интелигенција се повеќе е добредојдена во земјите кои што имаат старо население. Токму од овие причини продавниците сè повеќе ќе се автоматизираат. Во светот веќе постојат автоматизирани продавници кои работат без персонал. Купувачите сами си ги бараат производите и самите си ги наплаќаат на автоматските каси.

Се очекува роботизацијата во 2025 година да замени околу 85 милиони работни места. Но истовремено ќе бидат отворени околу стотина милиони нови работни места, кои ќе бидат неопходни во тие модерни роботизирани времиња. Исто така се повеќе фирмите ќе ги вршат работните обврски од далечина.

Трендовите велат дека забрзан е развојот на е-трговијата и многу други услуги кои можат да се обезбедат преку интернет, како што е телемедицината. Според студијата на консултантската фирма McKinsey, која опфати осум големи економии – Кина, САД, Индија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и Јапонија – вкупно 100 милиони работници ќе мора да ја сменат својата професија до 2030 година.

Се очекува да се намали и побарувачката за поедноставни канцелариски работни места. А особено би можеле да се бараат оние кои работат на работни места поврзани со зелена економија, ветерници, соларни панели и слично, со оглед на тоа што најразвиените земји планираат големи инвестиции во таа област.

Тренд е дека една четвртина од работниците ќе работат и од дома. Мекинзи анализирал 2.000 задачи на околу 800 работни места во осум земји и дошол до заклучок дека во напредните економии, околу четвртина од работната сила може да работи од дома помеѓу три и пет дена во неделата. Хибридната работа, комбинација од работа во канцеларија и од дома, ќе стане секојдневие за голем број работници.

 (В.Ма.)