Mожат само, како што се вели народски, “да и плукнат под прозорецот“!

На хрватската пејачка, писателка и старлета Нивес Целзијус можат само, како што се вели народски, “да и плукнат под прозорецот“! Таа деновиве, откако ги истакна своите бујни природни гради, добива и многу грди коментари. Нивес вели дека е тоа од чиста љубомора, завист и пакост на женскиот род.
– Кутрите вие кои ми завидувате, ќе пукнете од мака. Гледајте си го својот живот кој очигледно ви е многу здодевен. Не се замарајте со мене, бидејќи мене ми е убаво, вам ви е мачно, вели Нивес која неодамна имавме можност да ја видиме и кај нас на ТВ Телма како искусна готвачка во емисијата на Драган Вучиќ “Гурмански муабети“. Познатата старлета се покажа дека ја бива и во кујна.

Јајцата на око ниту ги спомнала ниту ги правела. Нивес Целзијус имаше рецепти за некои други специфични јадења, кои позитивно влијаат на нејзините сосема природни гради.     Д.М.  фото:Инстаграм