Саша Јакшиќ Жика ја славел неговата слава Свети Јован и по тој повод во новиот дом организирал музика во живо што предизвикало револт кај соседите кои го пријавиле во полиција.

Журката почнала околу 21 часот, а се слушало како пеат Аца Пејовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ и соседите знаејќи дека тој слави слава биле толерантни, но само до полноќ. Потоа неколку соседи отишле кај Жика и го замолиле да ја стиши музиката бидејќи нивните мали деца не можеле да заспијат. Иако на сите љубезно им одговорил дека нема да има проблем, музиката и понатаму одекнувала насекаде.

Саша Јакшиќ Жика

Кога соседите го изгубиле трпението ја повикале комуналната инспекција. Полицијата излегла на лице место и се уверила дека навистина музиката е гласна. Тие му кажале веднаш да ја исклучи музиката бидејќи е доцна поради што не смее да има толкава врева. Тогаш тој ја запрел музиката, а прославата завршила.

(M.A)