Илјадници луѓе завеани во снежното невреме во Истанбул/ВИДЕО

138

Спасувачките и другите тимови се уште ги чистат главните патишта во Истанбул покриени со снег, кој беше погоден од снежно невреме. Автопатиштата и другите патишта во Истанбул, кој има околу 16 милиони жители, беа делумно блокирани откако во некои делови од градот паднаа и околу 80 сантиметри снег.

Илјадници луѓе беа завеани во автомобили во текот на ноќта, а некои мораа да ги остават и да си одат дома со јавен превоз.

Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја ги повика да се вратат по своите автомобили.

Невремето ќе се задржи до утре, а повеќе врнежи се очекуваат вечерва.